• вторник, 24 декември 2024

БМВ регистрира изненадувачки голем профит во првиот квартал на 2021 година

БМВ регистрира изненадувачки голем профит во првиот квартал на 2021 година
Франкфурт, 19 април 2021 (МИА) – Германскиот производител на автомобили БМВ во првиот квартал од 2021 година регистрира рекордната продажба што на компанијата и донесе изненадувачки голем профит, јави ДПА. Прелиминарните бројки покажуваат профит пред оданочување од 3,76 милијарди евра (4,5 милијарди долари), скоро пет пати повеќе од моментот кога избувна пандемијата на коронавирусот пред една година, соопштија вечерва претставници на германската берза. Според информации на самата компанија, БМВ ги надмина очекувањата на берзата во однос на клучните бројки на заработка. јт/

Остани поврзан