• четврток, 26 декември 2024

БМВ ги подобри прогнозите за овогодишната заработка

БМВ ги подобри прогнозите за овогодишната заработка
Минхен, 1 октомври 2021 (МИА) - Германскиот производител на автомобили, БМВ ги зголеми проценките за годинешните приходи, поради повисоките цени на новите и половните возила. Зголемувањето на цените наредниве месеци ќе го неутрализира негативното влијание на тековниот недостаток на полупроводници врз производството и продажбата. Според тоа, очекувањата пред каматата и данокот од седум до девет се подигнати на 9,5 до 10,5 отсто. Се очекуваат повисоки бројки и кај враќање на капиталот во одделот за финансиски услуги, од 17 до 20 на 20 до 23 отсто. Можните подобри резултати ќе се одразат и на добивката пред оданочувањето, којашто би требало значително да се зголеми, додаваат од компанијата.  си/сд/

Остани поврзан