• четврток, 26 декември 2024

Блумберг престанува со работа во Русија и во Белорусија

Блумберг престанува со работа во Русија и во Белорусија
Москва, 29 март 2022 (МИА) - Блумберг ЛП (Bloomberg LP), матичната компанија на Блумберг њуз, ја прекинува работата во Русија и во Белорусија поради воведените санкции. Но, медиумскиот проект на Блумберг ќе продолжи со работа, се наведува во соопштението на компанијата. Клиентите во Русија и во Белорусија нема да имаат пристап до ниту еден од финансиските производи на Блумберг. Во согласност со меѓународните санкции, голем број руски функции за тргување со хартии од вредност се деактивирани, руските акции се отстранети од глобалните берзански индекси на Блумберг, а обврзниците на земјата се отстранети од индексите со фиксен приход при ребалансот на крајот на месецот. Уште на 4 март, Блумберг соопшти дека престана да известува од Русија, откако беше усвоен Законот против лажните вести. бд/ми/

Остани поврзан