• среда, 25 декември 2024

Блумберг: Во очекување на исходот во Џорџија, раст на акциите, пад на обврзниците

Блумберг: Во очекување на исходот во Џорџија, раст на акциите, пад на обврзниците
Њујорк, 6 јануари 2021 (МИА) - Акциите на американските берзи пораснаа кога паднаа обврзниците во пресрет на резултатот од клучните избори во Џорџија, кои ќе одлучат која партија ќе го контролира Сенатот во следните две години, пренесува Блумберг. На сесијата обележана со низок обем на тргување, СиП 500 се подобри откако го претрпе најлошиот почеток на годината од 2016 година. Енергетските акции пораснаа додека нафтата се тргуваше по цена од речиси 50 долари за барел, а индексот на помалите компании „Расел 2000“ скокна 1,7 проценти, наведува Блумберг. Во пресрет на резултатот од гласањето во Џорџија, што веројатно ќе биде познато денеска, приносите на Министерството за финансии се зголемија - кривата го достигна највисокото ниво во последните четири години, а доларот падна на најниско ниво од февруари 2018 година. Според Блумберг, без оглед дали Волстрит ја претпочита идејата демократите да ја преземат контролата врз двата дома на Конгресот, сценариото подразбира можност за пообилен стимулативен пакет. Ова потенцијално може да доведе до притисок врз растот на инфлацијата и стапките, како и повисоки даноци за фискалната помош. Спротивно на тоа, ако кој било актуелен републикански конгресмен победи на повторните избори, партијата ќе има доволно гласови за да блокира која било од иницијативите на Бајден, наведува Блумберг. паг/

Остани поврзан