• петок, 27 декември 2024

Блумберг: Белата куќа подржува конфискација на дел од замрзнатите руски активи 

Блумберг: Белата куќа подржува конфискација на дел од замрзнатите руски активи 

Вашингтон, 11 јануари 2024 (МИА) - Администрацијата на претседателот Џо Бајден подржува подготовка на закон што ќе овозможи конфискација на дел од замрзнатите руски активи во вредност од 300 милијарди долари што би биле употребени за обнова на Украина. 

Според извештај на Блумберг објавен синоќа, Белата куќа е ангажирана да го подржи Конгресот за таков нацрт закон за понатамошно финансирање на подршката за Украина. 

-Таков нацрт закон би дал надлежност на извршната власт потребна за конфискација на руските суверени активи во корист на Украина, се наведува во документот на Советот за национална безбедност. 

Бајден го подржува ваквиот чекор бидејќи републиканците во Конгресот блокираат доделување на 60 милијарди долари финансиска помош за Украина, делумно и поради загриженоста од тоа што финансиското бреме за Вашингтон е претешко, пишува Блумберг. 

Исто така, администрацијата би ја усогласила таа мерка со сојузниците од Г-7, посебно оние од Европа, каде се чуваат околу 200 милијарди долари замрзнати руски активи. 

Советот за национална безбедност подржува таква надлежност како дел од низата инструменти разгледувани од САД да се натера Русија да плати за штетите од војната.  

Според Светската банка, обновата на Украина ќе чини околу 411 милијарди долари. кб/сд/ 

фото:МИА архива

Остани поврзан