• петок, 27 декември 2024

Блок 1 на РЕК Битола во краткотраен прекин, производството го надоместуваат останатите капацитети на ЕСМ

Блок 1 на РЕК Битола во краткотраен прекин, производството го надоместуваат останатите капацитети на ЕСМ
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Од електроенергетскиот систем ноческа околу полноќ  е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката. Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа, соопшти АД ЕСМ​. Исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата. Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември.са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан