Блокиран сообраќајот на патот А-3 Ресен - Битола
- АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Скопје, 3 февруари 2026 (МИА) - Во 16:10 часот блокиран е сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен-Битола кај битолското место викано „Ромската населба“, соопштија од АМСМ.
Од АМСМ информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини бил умерен. На граничните премини од македонска страна, немало подолги задржувања за влез и излез од државата. бд/аа/
Фото: МИА архива