• вторник, 24 декември 2024

Блокирани Инстаграм профилите на неколку руски официјални лица

Блокирани Инстаграм профилите на неколку руски официјални лица
  Вашингтон, 14 мај 2020 (МИА) Блокадата на Инстаграм профилот на Рамзан Кадиров, претседател на Чеченија, е поради тоа што тој е на списокот санкции воведени од САД, изјави денеска претставник на компанијата Фејсбук. Од Фејсбук изјавија дека се американска компанија и дека дејствуваат „во рамки на законите на САД за санкции“. Компанијата потврди дека истото го направиле со профилите и на други лица кои се под санкции. Покрај на Кадиров, денеска исто така блокирани се и Инстаграм страниците на уште неколку руски официјални лица, како Мохамед Даудов, спикер на парламентот на Чеченија, Абузајд Висмурадов, вице-премиер на републиката, како и на Адам Делимханов, пратеник во руската Дума. кб/

Остани поврзан