• петок, 20 декември 2024

Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност

Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност

Белград, 20 ноември 2024 (МИА) - Додека во Нови Сад втор ден по ред траат блокадите и протестите пред судот и обвинтелството, опозицијата во Белград паралелно има протест и блокада на стариот Савски мост, а најавена е и блокада на Бранков мост.

Претседателот Вучиќ за денес на пладне најави седница на Советот за национална безбедност, без да го посочи поводот за свикувањето, јави дописникот на  МИА од Белград.

Во Нови Сад денес се одржува втор ден од блокадатата на судот и обвинитеслтвото со цел да се побара пронаоѓање на одговорните за трагедијата во овој град, како и ослободување на политичарите и активистите кои беа затворени за време и по протестот поради падот на настрешницата на Железничката станица. Блокадата ја одбележаа бројни инциденти. Реагираше и министерката за правда Маја Поповиќ, која блокадата ја оцени како „невиден притисок врз судството во историјата на Србија“.

Паралелно во Белград, лидерот на движењето „Крени-промени“, Саво Манојловиќ и градскиот советник на движењето, Александар Јовановиќ, беа приведени утрово на протестот на стариот Савски мост во Белград, каде група активисти се обидоа да го спречат отстранувањето на трамвајските шини од коловозот, во повеќемесечните протести против затворањето и демонтирањето на мостот. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Саво Манојловиќ се обидел да го пробие полицискиот кордон на стариот Савски мост и затоа реагирала полицијата. Од двете страни на мостот беа распоредени полициски кордони опремени за разбивање на демонстрациите.

Претседателот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац денеска ги повика граѓаните напладне да се соберат и пред Бранковиот мост за да го одбранат уривањето на стариот Савски мост.  Ѓорѓе Микетиќ, активист на иницијативата „Мостот останува“ повика на акција, наведувајќи дека „акцијата е неопходна бидејќи властите околу 4 часот утринава почнаа целосно незаконски да ги отстрануваат шините на стариот Савски мост“.

-Она што се случува денеска пред судот и пред обвинителството во Нови Сад и овде на стариот Савски мост е соголување на диктатурата, подвлече Микетиќ.

Тој ги повика граѓаните денеска напладне да се соберат на Бранковиот мост и да го блокираат со автомобили, велосипеди и пешки.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Министерството за внатрешни работи на Србија ги предупредува учесниците на протестните собири дека нема да толерираат нарушување на јавниот ред и мир, загрозување на безбедноста на земјата и државните институции, како и напади врз полицијата.

За пладне, како што денес соопштија од Кабиетото на срппкиот претседател Александар Вучиќ закажана е и седница на Советот за нацуоинална бебзбедност, без да се наведе причина за свикување на седницата. об/

фото: Скриншот од Х

Остани поврзан