• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Блокади во Софија поради протест на транспортните работници

Блокади во Софија поради протест на транспортните работници

Софија, 14 април 2025 (МИА) - Возачите од градскиот превоз во Софија денеска излегуваат на протест, што може да предизвика блокади и отежнато движење во градот. Националниот протест, под мотото „Достоинствен труд – достоинствена плата! Без превоз, нема економија!“, е организиран од синдикатите на транспортните работници.

Од 8:00 часот се очекува демонстрантите да ги блокираат сообраќајните раскрсници во центарот на Софија, а дел од акциите вклучуваат и привремено попречување на работата на метрото, јави БТА. Околу 11:00 часот, протестот ќе продолжи со марш кон Министерството за финансии и Градската управа.

Главното барање на транспортните работници е државата итно да обезбеди дополнително финансирање за секторот, со цел подобрување на платите и социјалната сигурност. Од синдикатите нагласуваат дека моменталните предлози за зголемување на платите во Софија се недоволни. ссм/

фото: БТА архива

Остани поврзан