• сабота, 23 ноември 2024

Блинкен ја обвини Русија за извршени застрашувачки дела по откриените гробови во Изјум

Блинкен ја обвини Русија за извршени застрашувачки дела по откриените гробови во Изјум
Вашингтон, 16 септември 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја обвини Русија за „застрашувачки“ дела, по откривањето стотици тела закопани во близина на украинскиот град Изјум, посочувајќи дека можеби станува збор за воени злосторства. „Русија дејствува на застрашувачки начин и тоа се гледа и повторува секогаш кога Русите се повлекуваат од деловите на територијата што ја окупираа во Украина. Можете да видите што оставаат зад себе“, рече пред новинарите шефот на американската дипломатија. Украина денеска соопшти дека открила 450 гробови во Изјум, град североисточно од Харков, од каде неодамна беа протерани руските сили. Новинар на светска агенција соопшти дека најмалку едно од ексхумираните тела било со врзани раце. Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти дека планира „наскоро" да испрати екипа за проверка на наводите на украинските власти за откривање на стотици гробници во градот Изјум. аб/

Остани поврзан