Блинкен: Сега топката е кај Хамас за финализирање на примирјето во Газа
- „Топката сега е кај Хамас. Доколку Хамас прифати - договорот е подготвен да се склучи и спроведе“, рече Блинкен во Вашингтон
Вашингтон, 14 јануари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави денеска дека на Хамас е да го финализира примирјето во Газа, нагласувајќи дека конечниот предлог е на маса на разговорите во Катар.
„Топката сега е кај Хамас. Доколку Хамас прифати - договорот е подготвен да се склучи и спроведе“, рече Блинкен во Вашингтон, говорејќи во тинк-тенкот на Атлантскиот совет. зш/