• сабота, 28 декември 2024

Блинкен: САД остро го осудуваат терористичкиот напад во Москва

Блинкен: САД остро го осудуваат терористичкиот напад во Москва

Вашингтон, 23 март 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека САД најостро го осудуваат вчерашниот терористички напад во концертна сала во трговски центар во Москва.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејствата и најблиските на загинатите и сите погодени од ова грозоморно злосторство“, наведува Блинкен во изјавата објавена на веб-страницата на Стејт департментот.

Тој додаде дека САД го осудуваат тероризмот „во сите негови форми“.

„Се солидаризираме со народот на Русија во жалост за загубените животи во овој страшен настан“, додаде  американскиот државен секретар.

Во вчерашниот напад на трговски центар во Москва загинаа 143 лица, а повеќе од 100 се ранети, соопшти Рускиот истражен комитет. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан