• понеделник, 18 ноември 2024

Блинкен: САД не применуваат двојни стандарди во однос на состојбата со човековите права во Израел

Блинкен: САД не применуваат двојни стандарди во однос на состојбата со човековите права во Израел

Вашингтон, 22 април 2024 (МИА) - САД не применуваат двојни стандарди во својата политика во однос на состојбата со човековите права во Израел, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тој ја даде својата изјава на денешната прес-конференција на која беше презентиран годишниот  извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во текот на 2023 година.

„Дали применуваме двојни стандарди? Одговорот е не“, рече Блинкен одговарајќи на новинарско прашање дали има двојни стандарди во американската политика кога станува збор за почитувањето на човековите права во Израел. „Ние ги применуваме истите стандарди за сите“, истакна Блинкен.

Тој додаде дека САД ги истражуваат наводите за кршење на човековите права во воената операција на Израел против палестинското движење Хамас во Газа.

Во извештајот објавен од Стејт департментот се истакнува дека војната во Газа, која предизвика смрт на 30.000 Палестинци и голема хуманитарна криза, имаше „длабоко негативен ефект“ врз состојбата на човековите права во Израел. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан