• среда, 25 декември 2024

Блинкен: САД го ценат ангажирањето на Израел за запирање на војната во Украина

Блинкен: САД го ценат ангажирањето на Израел за запирање на војната во Украина
Ерусалим, 7 март 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на средбата со израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид во Летонија истакна дека САД „многу го ценат целото (израелско) ангажирање во обид да се запре руската агресија врз Украина“. Блинкен алудираше на неодамнешната посета на израелскиот премиер Нафтали Бенет на Москва и беговата средба со рускиот претседател Владимир Путин. - Многу ги цениме напорите што секој од нашите блиски партнери и сојузници може да ги направи за да види дали има можности да се стави крај на војната, истакна рече Блинкен. Лапид наведе дека Израел е „целосно е посветен да стори сé што е можно за да ја запре војната во Украина“ и дека Тел Авив ја осуди руската инвазија и оти е партнер во глобалните напори за запирање на војната. - Начинот на завршување на војната е преку преговори. Израел разговара со двете страни, со Русија и со Украина, а ние целосно соработуваме со нашиот најголем сојузник, САД и нашите европски партнери, посочи Лапид. ми/

Остани поврзан