• сабота, 16 ноември 2024

Блинкен разговараше со филипинскиот министер за надворешни работи Манало за активностите на Кина во Јужното Кинеско Море

Блинкен разговараше со филипинскиот министер за надворешни работи Манало за активностите на Кина во Јужното Кинеско Море

Вашингтон, 19 јуни 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараше со филипинскиот министер за надворешни работи Енрике Манало. Двајцата разговараа за активностите на Кина во Јужното Кинеско Море, што Манила и Вашингтон го сметаат за ескалација на тензиите.

„Нивниот разговор следи по опасните и неодговорни дејствија на Кина кои ги спречија Филипините да спроведуваат законски поморски операции во Јужното Кинеско Море на 17 јуни“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент објавено по разговорот.

Филипински морнар беше сериозно повреден по инцидентот опишан од вооружените сили на неговата земја како „намерен судар со голема брзина“ од страна на кинеската крајбрежна стража, чија цел беше да се прекине мисијата за снабдување на филипинската војска стационирана на Вториот Томас Шол, спорен остров во Јужното Кинеско Море. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан