• сабота, 23 ноември 2024

Блинкен попладнево во Скопје

Блинкен попладнево во Скопје

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево треба да пристигне во Скопје, каде што ќе учествува на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, што се одржува од денеска до 1 декември.

Блинкен учеството на ОБСЕ самитот ќе го почне со средба со шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи. Тој во Скопје треба да пристигне од Брисел, каде што учествува на Министерскиот состанок на НАТО, а по средбата со Османи, американскиот државен секретар планирано е да учествува на неформална вечера која му претходи на Министерскиот совет, кој официјално почнува утре. По Скопје Блинкен заминува за Израел.

Во најавата од Стејт департментот за посетата на Блинкен на Скопје се наведува дека тој ќе ја потврди цврстата посветеност на САД кон ОБСЕ и нејзината основна мисија за унапредување на безбедноста, стабилноста и соработката меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирното решавање на спорови. Секретарот Блинкен, исто така, ќе ја истакне клучната улога на ОБСЕ во унапредувањето на сеопфатната безбедност во регионот и ќе и се заблагодари на Северна Македонија за нејзината лидерска улога.

Министерскиот состанок во Скопје го одбележува токму присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, што го прави еден од ретките настани на кој ќе се најдат двајцата на исто место од почнувањето на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Засега нема најава за средба на Блинкен и Лавров. 

Високи американски и руски дипломати денеска ќе одржат нова рунда разговори за украинската криза, додека Русија продолжува да распоредува големи воени сили на границата со поранешната советск

Помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан на брифинг со новинарите во Вашингтон претходно изјави дека Блинкен ќе ја предводи делегацијата на САД на Министерскиот состанок во Скопје, каде со колегите од ОБСЕ ќе дискутира за поддршката за Украина, но американската страна не знае како ќе се постапи во случај на состанокот да се појави и рускиот министер за надворешни работи Лавров.

-Американската делегација ќе ја предводи државниот секретар Блинкен. Тој ќе биде таму во среда веднаш по крајот на министерскиот состанок на НАТО. Очекуваме да се ангажира во добра дискусија со колегите од ОБСЕ за поддршката за Украина, истакна О’Брајан.

За доаѓањето на шефот на дипломатијата на Руската Федерација Лавров, земјава и Бугарија времено ги суспендираа санкциите воведени од ЕУ за прелети на руски авиони поради руската агресија на Украина.

По потврденото присуството на Лавров, форумот решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина Дмитри Кулеба и на балтичките земји - Естонија, Летонија и Литванија.

На самитот присуство потврди и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој вчера истакна дека ќе присуствува на официјалната вечера, но потоа ќе мора брзо да се врати поради другите средби во Брисел. Тој посочи дека нема да разговара со рускиот министер за надворешни работи Лавров, а истакна дека е завршена главната работа на новите европски санкции против Русија поради војната во Украина и изрази надеж дека соодветната одлука ќе биде усвоена во декември. 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска потврди дека Унијата ќе продолжи да го поддржува одржувањето на мирот и стабилноста во БиХ, нагласувајќи де

На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случил во државава од осамостојувањето, ќе учествуваат 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на Организацијата.

На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ. ац/са/

Фото: ЕПА/МИА архива

Остани поврзан