• недела, 24 ноември 2024

Блинкен: Опиплив напредок кон постигнување консензус меѓу Ерменија и Азербејџан

Блинкен: Опиплив напредок кон постигнување консензус меѓу Ерменија и Азербејџан

Вашингтон, 5 мај 2023 (МИА) - Азербејџан и Ерменија остварија „опиплив напредок“ кон постигнување консензус во преговорите во изминатите неколку дена, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, додавајќи дека конечен договор е „на повидок“.

Оваа недела Вашингтон е домаќин на министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, Арарат Мирзојан и Џејхун Бајрамов.

Тензиите меѓу двете земји повторно ескалираа откако Азербејџан постави патен контролен пункт на почетокот на коридорот Лачин, единствената рута што ја поврзува Ерменија со спорната територија Нагорно-Карабах. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан