• четврток, 26 декември 2024

Блинкен: Оние кои ги извршија убиствата во Буча ќе одговараат за воени злосторства

Блинкен: Оние кои ги извршија убиствата во Буча ќе одговараат за воени злосторства
Вашингтон, 3 април 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека фотографиите од големиот број Украинци убиени во Буча се ужасни и дека оние што ги извршиле тие убиства ќе одговараат за воени злосторства. „Не смееме да го нормализираме ова. Ова е реалноста на она што се случува секој ден додека руската бруталност над Украина продолжува“, изјави Блинкен за Си-Ен-Ен. Тој истакна дека се ќе се истражи и ќе се стави на едно на место „за да се увериме дека релевантните институции и организации ќе го проверат тоа, вклучително и Стејт департментот“. паг/  
   

Остани поврзан