• среда, 25 декември 2024

Блинкен: Не можеме да дозволиме Русија да ја малтретира Украина

Блинкен: Не можеме да дозволиме Русија да ја малтретира Украина
Преторија, 5 август 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Јужна Африка изјави дека не може да се дозволи Русија да ја малтретира Украина. - Ако дозволиме една голема земја да малтретира помала земја, да ја нападне и да ја заземе нејзината територија, тогаш тоа ќе биде отворена сезона, не само во Европа, туку и низ целиот свет, истакна Блинкен. Тој додаде дека руската агресија ги загрози основните принципи на меѓународниот систем. Блинкен ги коментираше и изјавите на кинеските претставници дека ќе ја прекинат соработката со САД за многу прашања, вклучително и за борбата против климатските промени. - Кина на тој начин ќе го казни целиот свет, а посебно земјите во развој, како африканските, посочи Блинкен. Американскиот државен секретар е во посета на Јужна Африка, од каде ќе отпатува за ДР Конго и во Руанда. ми/

Остани поврзан