• среда, 25 декември 2024

Блинкен: Најмалку 1.500 Американци можеби ќе треба да бидат евакуирани по 31 август

Блинкен: Најмалку 1.500 Американци можеби ќе треба да бидат евакуирани по 31 август
Вашингтон, 25 август 2021 (МИА) – Околу 1.500 американски државјани можеби ќе треба да бидат евакуирани од Авганистан по крајот на август, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој додаде дека талибанците се обврзале дека ќе им дозволат да заминат по заминувањето на странските војници. - Интензивно комуницираме со нив неколку пати на ден преку голем број комуникациски канали … за да утврдиме дали тие сепак сакаат да ја напуштат земјата, рече Блинкен. јт/

Остани поврзан