• среда, 18 декември 2024

Блинкен најави модернизација на американската дипломатија

Блинкен најави модернизација на американската дипломатија
Вашингтон, 27 октомври 2021 (МИА) - Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска во Институтот за дипломатска служба при Стејт департментот одржа говор посветен на плановите за модернизација на американската дипломатија за решавање на надворешнополитичките предизвици во 21 век. Во обраќањето, тој посочи на значењето на трансформацијата во историјата на американската дипломатија, вклучително и во организацијата на дипломатската работа. Укажа дека од неговиот прв ден на служба, се стремел да нaправи многу за американската дипломатија да одговори на барањата на 21 век. Додаде дека во моментов станува збор за важни промени во работата на дипломатите. Според Блинкен, меѓудругото, се работи за такви сфери како борба со климатските промени, спротивставување на кибер нападите и решение на проблемите поврзани со пандемиите, не само оваа со Ковид-19. Говорејќи за решение на овие проблени, државниот секретар го истакна значењето на повеќестраната дипломатија за да се одговори на предизвиците на денешницата. Истакна дека Стејт департментот има намера, многу повеќе од порано, да ги исполнува иницијативите кои произлезуваат од вработените во органот, констатирајќи дека претходно „нашите комуникации мошне често се претварале во еднонасочно движење“. Државниот секретар исто така укажа на разновидноста на населението на САД како една од најважните предности на САД и изјави дека диплматските институции имаат за цел да ја искористат таа предност многу повеќе отколку порано. Блинкен исто така истакна и дека Стејт департментот ќе работи на поактивна примена на способностите и навиките на своите вработени во техннологијата. Тој укажа и на значењето за тоа каде се лоцирани дипломатските мисии на САД во светот и нивната безбедност. кб/ссм/

Остани поврзан