• среда, 25 декември 2024

Блинкен најави дополнителна помош од 135 милиони долари за Газа

Блинкен најави дополнителна помош од 135 милиони долари за Газа

Доха, 24 октомври 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска најави нова помош од 135 милиони долари за Палестинците и изјави дека е од витално значење оваа помош да стигне во Газа.

Блинкен го изјави ова во Катар, каде пристигна денеска како дел од својата 11-та посета на регионот од почетокот на војната во Појасот Газа.

САД вршат притисок врз Израел да дозволи повеќе хуманитарна помош да стигне до палестинскиот енклава, која е разурната од војната. ссм/

фото: архива

Остани поврзан