• сабота, 21 декември 2024

Блинкен: Напредокот на Хајат Тахрир ал-Шам е резултат на презафатеноста на сојузниците на Асад

Блинкен: Напредокот на Хајат Тахрир ал-Шам е резултат на презафатеноста на сојузниците на Асад

Вашингтон, 4 декември 2024 (МИА) - Брзите успеси на исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) во Сирија укажуваат дека поддржувачите на сирискиот претседател Башар ал Асад се зафатени со други прашања, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува ДПА.

Главните сојузници на Ал Асад – Русија, Иран и проиранската милиција Хезболах во Либан – се „на различни начини“ зафатени со други конфликти, нагласи Блинкен.

Русија е ангажирана во тековната војна во Украина, додека Хезболах неодамна беше вклучен во конфликт со Израел во Либан, кој заврши со примирје.

- Очигледно е дека ХТС ја искористи оваа ситуација, додаде Блинкен, истовремено повикувајќи на деескалација на борбите и заштита на цивилите.

Блинкен исто така изјави дека одбивањето на Асад да се вклучи во политичкиот процес на ОН за завршување на граѓанската војна во Сирија „го отвори патот“ за нападите на Хајат Тахрир ал-Шам. ссм/

фото: архива

Остани поврзан