• среда, 18 декември 2024

Блинкен му ја честита победа на Рама а изборите ќе оцени како мирни

Блинкен му ја честита победа на Рама а изборите ќе оцени како мирни
Тирана, 4 јуни 2021 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му ја честиташе победата на лидерот на албанските социјалисти и актуелен премер, Еди Рама на изборите на 25 април. - Честитки до Вас и Вашата партија за изборниот успех. Исто така, сакам да им честитам на луѓето во Албанија, кои и покрај ограничувањата поради пандемијата со Ковид-19, ги искористија своите основни права на 10. национални избори во земјата од падот на комунизмот. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас за време на вашиот трет мандат како премиер за понатамошно зајакнување на нашата соработка за демократија и одбрана, како и трговија и инвестиции, се наведува во честитката на Блинкен. Тој додаде дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Албанија додека работи на зајакнување на владеењето на правото, подобрување на одговорноста на владата и спроведување на реформите во правдата. - Преку овие мирни избори, Албанија дополнително ја покажа својата подготвеност да ги отвори преговорите за пристапување во ЕУ. Албанија е силен сојузник на НАТО и Ви честитаме за напредокот кон заклетвата на Велс. Ние сме благодарни за соработката во областа на одбраната и многу ја цениме Албанија како домаќин на големата воена вежба „Defender 21“. Се соочуваме со многу кризи низ целиот свет и уверен сум дека заедно можеме да застанеме пред овие историски предизвици. Имаме можност и одговорност да изградиме мирна иднина, вкоренета во слобода и просперитет за сите, посочува Билкен. Телевизија Топ чанел истакнува дека со честитките до Рама, Блинкен покажува дека изборите на 25 април се валидни, и покрај маратонот на опозициските, Демократската партија и Движењето за социјалистичка интеграција, во докажување на изборните нерегуларности во Изборниот колегиум. На 19 мај порнешниот албански претседател и премиер и екс лидер на опозицската Демократска партија, Сали Бериша и семејството САД ги прогласени за „персона нон грата“ а одлуката ја соопшти токму Блинкен. вт/ми/

Остани поврзан