• вторник, 24 декември 2024

Блинкен: Милорад Додиќ тргнал по авторитарниот пат на Путин 

Блинкен: Милорад Додиќ тргнал по авторитарниот пат на Путин 

Вашингтон, 29 март 2023 (МИА) - Нападите на Милорад Додиќ врз основните права и слободи во Република Српска покажуваат дека тој се наоѓа на авторитарниот пат на претседателот Путин, напиша денеска на Твитер државниот секретар Ентони Блинкен. 

Додиќ е претседател на Република Српска, претставник на заедницата на босанските Срби во земјата и член на претседаталството на БиХ.

Тој додаде дека американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи, продолжува да се залага за демократска и просперитетна иднина „која ја заслужуваат сите граѓани на Босна и Херцеговина. кб/паг/ 

 

Остани поврзан