• недела, 06 октомври 2024

Блинкен и Столтенберг: Треба да се зајакне источното крило на НАТО

Блинкен и Столтенберг: Треба да се зајакне источното крило на НАТО
Вашингтон, 22 март 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за актуелните напори за зајакнување на источното крило на Алијансата. - Блинкен повтори дека постои потреба за силен и обединет трансатлантски одговор на руската Влада во војната против Украина и ја поздрави работата на зајакнување на одбраната на НАТО, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. Тој исто така наведе дека Блинкен повтори дека САД силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина по „бруталната војна избрана од претседателот Путин“. ми/

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан