• среда, 18 декември 2024

Блинкен и Лавров ќе се сретнат на форумот на ОБСЕ на Малта

Блинкен и Лавров ќе се сретнат на форумот на ОБСЕ на Малта

Виена, 5 декември 2024 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар во заминување Ентони Блинкен денеска ќе се сретнат на годишниот форум на Организацијата за безбедност и соработка во Европа на Малта.

Додека Украина ќе биде главното политичко прашање, на состанокот се очекува официјално да се одобрат договорите постигнати за прашања како што е пополнувањето на лидерски позиции во организацијата, при што западните сили често ја обвинуваат Русија за кршење на човековите права и другите меѓународни норми

Овогодишниот состанок на министрите за надворешни работи и други официјални претставници од 57 земји-учеснички од Северна Америка, Европа и Централна Азија е во сенка на враќањето на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, чии советници презентираат предлози за ставање крај на војната во Украина, според кои Киев би предал големи територии на Русија, коментираат светските агенции.

Со оглед на тоа што Трамп треба да ја преземе функцијата за нешто повеќе од еден месец, западните сили планираат да ја потврдат својата поддршка за Украина, додека Русија најверојатно ќе ја повтори својата критика кон организацијата, пренесе БТА.

Лавров минатата година изјави дека ОБСЕ „е претворена во привезок на НАТО и на Европската унија“.

Ова е прво патување на Лавров во Европската унија откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. јт/

Фото: ОБСЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан