• среда, 25 декември 2024

Блинкен испрати „најдобри желби“ по повод Денот на независноста на Северна Македонија 

Блинкен испрати „најдобри желби“ по повод Денот на независноста на Северна Македонија 
Вашингтон, 8 септември 2022 (МИА) - Американскиот Стејт департмент во име на САД, денеска испрати честитки до народот на Северна Македонија по повод 31-та годишнина од независноста на земјата.  -Со отворањето на пристапните преговори со Европската Унија, Северна Македонија годинава направи oдличен напредок кон европските интеграции. Сојузништвото во Европа и тежнеењето по нашите демократски вредности е многу поважно сега од кога и да било, истакна државниот секретар Ентони Блинкен.  Во честитката се нагласува дека „во годните што следуваат САД ќе продолжат со поддршката за нашиот сојузник Северна Македонија во неговиот европскои пат“.   Блинкен исто така укажа и дека „двете земји споделуваат демократски вредности и заложба за човекови права чија положба е силна во лицето на глобалните предизвици.“  -САД ќе продолжат да стојат со вас како правите одличен напредок за зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, подобрувајќи го владеењето на правото и зацврстувајќи ги вашите демократски институции. Ви пожелувам најдобри желби на овој посебен ден, порача државниот секретар Блинкен. кб/ дма/

Остани поврзан