• среда, 25 декември 2024

Блинкен имаше „искрен, суштински и конструктивен“ разговор со Чин

Блинкен имаше „искрен, суштински и конструктивен“ разговор со Чин

Пекинг, 18 јуни 2023 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен имаше „искрен, суштински и конструктивен“ разговор со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг во Пекинг, соопшти американскиот Стејт департмент.

Државниот секретар ја нагласи важноста на дипломатијата и одржувањето отворени канали на комуникација низ спектарот на прашања за да се намали ризикот од погрешно толкување и погрешно проценување, истакна портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Блинкен го поканил Чин да го посети Вашингтон за да продолжат со разговорите.

Додека, кинеските медиуми објавија дека Чин истакнал дека Пекинг е посветен на изградба на стабилен, предвидлив и конструктивен однос со САД.

Чин како најголем ризик за кинеско-американските односи го посочи Тајван, што за Пекинг е дел од Кина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан