• среда, 18 декември 2024

Блинкен изрази загриженост до Алијев и Пашињан поради повторните судири меѓу Азербејџан и Ерменија 

Блинкен изрази загриженост до Алијев и Пашињан поради повторните судири меѓу Азербејџан и Ерменија 
Вашингтон, 13 септември 2022 (МИА) - Државниот секретар Ентони Блинкен одделно разговарал со премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев „за да изрази длабока загриженост поради воените акции долж ерменско-азербејџанската граница, вклучувајќи гранатирање во Ерменија“, јави дописникот на МИА од Вашингтон. - Државниот секретар ја истакна потребата од деангажман на воените сили и (одделно) ги увери премиерот Пашињан и претседателот Алијев дека САД ќе притиснат за итно запирање на борбите и мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан, јавија денеска од американскиот Стејт департмент. кб/паг/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан