Блинкен го повика Азербејџан да ги ослободи приведените медиумски работници
- САД ја повикаа владата на Азербејџан веднаш да ги ослободи Руфат Сафаров, Севињ Вагифгизи, Азер Гасимли, Фарид Мехрализада, Бахтијар Хаџиев и Губад Ибадоглу, неодамна приведените соработници на независната телевизија Мејдан и многу други уапсени поради нивната работа за човекови права, соопшти Стејт департментот.
Вашингтон, 11 декември 2024 (МИА) – САД ја повикаа владата на Азербејџан веднаш да ги ослободи Руфат Сафаров, Севињ Вагифгизи, Азер Гасимли, Фарид Мехрализада, Бахтијар Хаџиев и Губад Ибадоглу, неодамна приведените соработници на независната телевизија Мејдан и многу други уапсени поради нивната работа за човекови права, соопшти Стејт департментот.
САД се длабоко загрижени не само за овие притворања, туку и за зголеменото потиснување на граѓанското општество и медиумите во Азербејџан, се вели во изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Оваа недела двајца приведени требаше да добијат признание во Вашингтон за нивната заложба за човековите права, соопшти Стејт департментот. јт/
Фото: МИА архива