• четврток, 26 декември 2024

Блинкен ги повика државите да издвојат уште две милијарди долари за Ковакс

Блинкен ги повика државите да издвојат уште две милијарди долари за Ковакс
Женева, 16 април 2021 (МИА) - Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен апелираше до другите земји да инвестираат уште две милијарди долари во програмата Ковакс, за испорака на вакцини против коронавирусот до најсиромашните земји во светот, во време кога богатите земји веќе земаа поголем дел од нив. Повикот на Бликен дојде на ден кога САД беа домаќини на еднодневна конференција на која беа собрани стотици милиони долари од владите и филантропските групи за понатамошно помагање на механизмот Ковакс, кој претходно доби околу 6,3 милијарди долари. Во последниве месеци, програмата започна да снабдува милиони дози вакцини во 92 земји со низок и среден приход. Светската здравствена организација (СЗО) во неколку наврати го осуди недостигот на правичност во дистрибуцијата на вакцините, а богатите земји како САД се снабдија со поголема количина. Шведскиот премиер Стефан Левен рече дека неговата земја го зголемува својот придонес кон Ковакс од 20 на 280 милиони долари, што е најголемо ветување и најави споделување на дозите со земјите корисници на програмата. - Покрај 17 милиони новозеландски долари (околу 12 милиони долари), Нов Зеланд ќе донира вакцини за повеќе од 800.000 луѓе, изјави премиерката Џасинда Арден. Гави, Сојузот за вакцини со седиште во Женева, кој ја координира програмата Ковакс, соопшти дека се собрани околу 400 милиони долари, со цел да се обезбедат 1,8 милијарди дози за програмата оваа година. паг/  

Остани поврзан