• недела, 24 ноември 2024

Блинкен - Борел: Потребно е да продолжи пристапниот процес со Северна Македонија и Албанија

Блинкен - Борел: Потребно е да продолжи пристапниот процес со Северна Македонија и Албанија
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ја поздрави продолжената недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, по средбата на Блинкен со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел во Вашингтон. - Државниот секретар ја поздрави продолжената недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, и ја истакна потребата да се продолжи понатаму со пристапниот процес со Албанија и Северна Македонија, нагласи Прајс. Како што јави „Гласот на Америка“, Прајс наведува дека секретарот Блинкен ја потврдил важноста од партнерството меѓу САД и ЕУ, и заложбата на САД да работат заедно со ЕУ да се спротивстават на заедничките предизвици. см/сп/

Остани поврзан