• вторник, 24 декември 2024

Блинкен: Благодарејќи и на Австрија Западен Балкан вистински се интегрира со ЕУ

Блинкен: Благодарејќи и на Австрија Западен Балкан вистински се интегрира со ЕУ

 

Вашингтон, 15 март 2024 (МИА) САД го поздравуваат долготрајното лидерство на Австрија во Западен Балкан и не сакаат повторување на историјата од 1990-те години, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен пред средбата со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

Тој рече дека САД и Австрија успешно работат на стабилизиација на Западен Балкан.

-Благодарејќи на ангажманот и лидерството на Австрија Западен Балкан се движи во позитивен правец и вистински се интегрира во Европа. Ја споделуваме целта за демократски, просперитетен, мирен регион интегриран со остатокот од Европа.

САД исто така ја поздравуваат препораката на Европската комисија за отварање претпристапи преговори со Босна и Херцеговина и даваат подршка за евроатлантскиот пат на земјата.

-Ги охрабруваме лидерите на Босна и Херцеговина да ги надминат разликите, да продолжат со реформите потребни за чекорење на патот кон ЕУ.

Блинкен денеска беше во официјална посета на Виена. кб/

Остани поврзан