• недела, 24 ноември 2024

Близначки од САД се породиле ист ден, во иста болница

Близначки од САД се породиле ист ден, во иста болница
Лос Анџелес, 17 мај 2022 (МИА) - Идентични близначки од САД родиле момчиња, во иста болница, во само неколку часа разлика. Џил Џустинијани го родила синот Оливер во 18:39 часот, а Ерин Чеплак, во 23:31 ч. го дочекала својот Силас, во болницата „Анахајм Кајзер“ во Калифорнија. Децата се родиле со иста тежина и должина - 3.620 грама и 50,8 сантиметри. Близначките си помагаа една на друга за време на бременоста, па нивните сопрузи и се шегуваа дека тие две може да се породат во ист ден. - Какви се шансите за ова? Не можам да верувам дека ова се случува!, се присети Џустинијани. Според наводите, сестрите биле и пуштени од болница ист ден со своите бебиња.  си/

Остани поврзан