• сабота, 23 ноември 2024

Блер го советуваше Стармер да ја ограничи ултрадесницата со контролирање на имиграцијата

Блер го советуваше Стармер да ја ограничи ултрадесницата со контролирање на имиграцијата

Лондон, 10 јули 2024 (МИА) - Тони Блер го предупреди новиот британски премиер да го „затвори патот“ на популистичката десница со строга контрола на имиграцијата.

Поранешниот премиер рече дека новата влада треба да се справи со партиите како што е Реформската партија на Најџел Фараж со справување со основните прашања, додека се држи до центарот за одржување на изборната коалиција на Лабуристичката партија.

Реформската партија на минатонеделните избори освои пет пратенички места и 14 отсто од гласовите.

Стармер, кој рече дека ќе се спротивстави на популистичката десница со тоа што ќе направи материјална разлика во животите на луѓето, го укина контроверзниот план за префрлање на илјадници баратели на азил од Велика Британија во Руанда и пренасочи десетици милиони фунти од таа програма за создавање на новата команда за гранична безбедност како дел од плановите за борба против илегалната миграција.

Поранешниот премиер, кој водеше кампања за останување на референдумот за ЕУ, рече дека го разбира претпазливиот пристап на Стармер за поблиски односи со Европа по тешкиот изборен пораз на партијата во 2019 година. мс/

фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан