• среда, 25 декември 2024

Блашчак: Уапсени сите мигранти кои преминале во Полска

Блашчак: Уапсени сите мигранти кои преминале во Полска
Варшава, 10 ноември 2021 (МИА) - Сите мигранти кои синоќа преминаа во Полска се приведени, потврди денеска министерот за одбрана Мариуш Блашчак.
„Тоа беше немирна ноќ. Имаше многу обиди за пробивање на границата. Сите кои поминаа синоќа беа приведени“, изјави Блашчак во интервју за полското радио.
Какко што пренесува агенцијата ТАСС, тој исто така вели дека полските сили треба да се справат со неколку групи кои се обидуваат да се пробијат на различни места во исто време.
Според полската гранична служба, упадот се случил во областите Бјеловеза и Кринки, а групите броеле неколку десетици луѓе.
Некои од нив веднаш се вратени во Белорусија, а по други е организирана потрага.
Според проценките на граничната полиција, во близина на полската граница има од 2.000 до 4.000 мигранти кои сакаат да преминат во Европската унија. паг/
   

Остани поврзан