• сабота, 23 ноември 2024

Блашчак: Во Полска пристигнаа првите американски тенкови „Абрамс“

Блашчак: Во Полска пристигнаа првите американски тенкови „Абрамс“
Варшава, 18 јули 2022 (МИА) - Првите американски тенкови „Абрамс“ на кои ќе се обучуваат војниците од полската армија, пристигнаа во Полска, објави на Твитер министерот за одбрана Мариуш Блашчак. Според министерот, на овој начин Полска ќе биде подготвена, кога ќе пристигнат и првите нови тенкови од серијата од 250, за што земјата има склучено договор. „Полска ќе располага со современа, моќна сила, за да го изненади агресорот во случај на закана“, пишува во соопштението. Договорот за купопродажбата на тие 250 нови тенкови „Абрамс“, потпишан на 5 април, е во вредност од 4,75 милијарди долари. бд/зш/

Остани поврзан