• недела, 24 ноември 2024

Блатер: Инфантино сака да го претвори фудбалот во огромна машина за пари

Блатер: Инфантино сака да го претвори фудбалот во огромна машина за пари
Цирих, 2 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер го критикуваше неговиот наследник на чело на централата, Џани Инфантино. - Се испостави дека Инфантино се обидувал да го расчисти патот до претседателската позиција.Тој сака да го претвори фудбалот во огромна машина за пари. Светскиот куп е проширен на 48 екипи, проектот „Гол“ е преименуван затоа што сака трипати повеќе пари. Инфантино е себичен и страда од манија за величина. Во својата ароганција, тој веќе не комуницира со претседателите на фудбалските федерации, туку само со шефовите на држави, изјави Блатер, цитиран од „Дејли Мејл“.

Тагови

Остани поврзан