• среда, 27 ноември 2024

Блатер бил една недела во кома, здравствената состојба му се подобрува

Блатер бил една недела во кома, здравствената состојба му се подобрува
Женева, 21 јануари 2021 (МИА) – Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) Сеп Блатер беше една недела во вештачки предизвикана кома, по операција на срцето што му беше извршена во декември, соопшти денеска неговото семејство. Здравствената состојба на 84-годишниот Блатер од почетокот на оваа недела се подобрува и тој по речиси еден месец е преместен од одделот за интензивна нега. -Лекарите се задоволни од неговата состојба, но пред него сè уште е долг пат до закрепнување. Ова беше најтешкиот и најдолг Божиќ во мојот живот, изјави ќерката на поранешниот прв човек на ФИФА, Катрин Блатер Анденматен за швајцарските медиуми. Блатер е под кривична истрага на швајцарските сојузни обвинители од 2015 година за корупција, а нему сè уште не му е соопштено дека ФИФА минатиот месец подигна обвинение против него за финансиски малверзации поврзани со Музејот на фудбалот во Цирих. -Сè уште не знае ништо за новото обвинение што го поднесе ФИФА, и тоа е добро. Само дополнително би се вознемирил, изјави Карин Анденматен. Блатер беше на чело на ФИФА од 1998 до 2015 година. ег/

Остани поврзан