• среда, 20 ноември 2024

Благотворноста на свежото сирење

Благотворноста на свежото сирење

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Прекумерното јадење сирење може да доведе до покачен холестерол и висок крвен притисок, што на крајот ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни болести. Но сепак, како што истакнуваат диететичарите и лекарите, сирењето содржи и калциум, протеини, витамини и други есенцијални хранливи материи, што значи дека кога се бира квалитетно сирење со малку маснотии и се јаде умерено, придобивките честопати ги надминуваат ризиците.

Ова е особено точно кога станува збор за свежо сирење, коешто е нискокалорична, со малку јаглехидрати и заситени масти, но е богата со протеини. Стручњаците издвојуваат најмалку седум благотворни својства на свежото сирење, како што пишува „Бест лајф“ (Best Life).

1. Помага да се изгради мускулна маса. Свежото сирење е одличен извор на протеини, па просечниот возрасен има потреба од околу 0,8 - 1,0 грам протеини по килограм телесна тежина дневно. Општо земено, протеините честопати недостасуваат во појадокот и тука навистина доаѓа до израз свежото сирење.

2. Ја подобрува регулацијата на шеќерот во крвта. А, каде што има ниска содржина на јаглени хидрати и е богато со протеини, свежото сирење може да се комбинира со храна богата со јаглени хидрати (на пр. овошје), за да се забави варењето и да се спречи растот на шеќерот во крвта.

3. Добро е за здравјето на цревата. Свежото сирење внесува здрави пробиотици во вашиот дигестивен тракт.

4. Го поддржува здравиот развој на коските и забите. На коските во човековото тело им требаат соодветни количини протеини, калциум, фосфор и витамин Д за да останат здрави. Свежото сирење збогатено со витамин Д обично ги содржи сите четири клучни хранливи материи.

5. Богата е со аминокиселини, битни за повеќе важни функции во телото. Тука спаѓаат разградување на храната, растење и обнова на ткивата, зајакнување на имунолошкиот систем, здраво варење, лачење хормони и хемикалии за мозокот и многу повеќеод тоа.

6. Свежото сирење помага при контрола на количината јадење што се внесува, зашто е богата со протеини, влакна и масти.

7. Здрава замена за високомасните сирења. Свежото сирење може да се користи како замена за сирењата со повеќе маснотии (како што е рикотата), на пр. во лазањи. Ова може да биде корисно за луѓето кои сакаат да го зачуваат вкусот во храната додека ја контролираат тежината на корисен начин.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан