• петок, 27 декември 2024

Благотворните дејства на мандарините

Благотворните дејства на мандарините
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Сезоната на мандарини почна, па лекарите и познавачите советуваат ова вкусно овошје да се јаде секој ден. Пред сѐ, затоа што се богати со витамините А, Б и Ц, со калиум, фолна киселина, магнезиум, калциум и железо,  а сето тоа го зајакнува имунитетот и штити од настинка и грип. Доколку, пак, имате проблеми со варењето - само зголемете ја количината на мандарини. Тие помагаат и при стрес, бидејќи имаат опуштачко дејство врз нервниот, но и дишниот систем. Ова овошје е добро и за срцето и за крвоточниот систем, бидејќи е богат извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок и го нормализира срцевиот ритам. Покрај тоа, мандарините содржат хранливи материи, кои спречуваат акумулација на лош холестерол во артериите, што инаку може да доведе до срцев удар. Мандарината е благопријатна и за кожата - како домашна крема... Мандарината може да се додаде и во сладолед, желе, крем и џем. А, сокот од ова овошје е исклучително корисен и за на месо и риба.  си/сд/

Остани поврзан