• четврток, 26 декември 2024

Благодарност од Села до медиумите за придонесот за донесување на Законот за државјанство

Благодарност од Села до медиумите за придонесот за донесување на Законот за државјанство
Скопје, 30 јули 2021 Во мое име и во име на Алијанса за Албанците сакам од сè срце да ви се заблагодарам вам заедно со вашиот цел персонал, за придонесот и неуморната работа што го зголемија притисокот на јавноста за донесување на Законот за Државјанство од страна на Собранието на Северна Македонија. Преку информирање, известување на различни начини и постојана актуелизација на оваа тема во вашиот медиум, дадовте една незаменлива помош во сензибилизацијата на јавноста и на самата политика околу потребата за решавање на овој проблем којшто е наследен за три децении по ред. Без сомнение, вие сте меѓу најзаслужните што илјадници граѓани ќе бидат во состојба да го реализираат нивното основно човечко право, со значајно влијание во секој сегмент на општествениот живот. Ние искрено веруваме дека медиумите се четврта сила во едно демократско општество и се ангажираме и сме посветени за нивното зајакнување на нашиот пат кон Европска Унија. Затоа, ние ги поздравуваме критиките и забелешките како дополнителна вредност којашто помага во демократизацијата на земјата. Уште еднаш, Ви благодарам многу за вашиот континуиран придонес. Зиадин Села, претседател на Алијанса за Албанците ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан