Благодарници за крводарителите од Охрид и Дебрца
- По повод 17 март Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на РСМ, Општинската организација на Црвениот крст од Охрид задутре ќе организира пригодна свеченост на која ќе бидат доделени признанија на заслужните кои придонеле за развој на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година.
Охрид, 13 март 2023 (МИА) – По повод 17 март Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на РСМ, Општинската организација на Црвениот крст од Охрид задутре ќе организира пригодна свеченост на која ќе бидат доделени признанија на заслужните кои придонеле за развој на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година.
Упатувајќи искрени честитки, благодарност и почит кон сите крводарителите, поединци, фирми, институции што го унапредиле развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година, од охридскиот Црвен крст потсетуваат дека хуманоста што ја покажуваат крводарители преку доброволно дарување крв, придонесува да бидат спасени многу човечки животи.
„Промовирање, развој и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, совесно и посветено ја спроведува во текот на цела година. Како резултат на хуманоста на крводарителите, постојаната ангажираност на вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, преку организирање на крводарителски акции во текот на годината, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во нашиот град“, се посочува во соопштението на Црвен крст - Охрид, посочивајќи дека свеченоста ќе се одржи во нивните простории од 13 часот. аб/са/
Фото: плакат