• недела, 01 септември 2024

Благодарници за здравствените работници во Ресен

Благодарници за здравствените работници во Ресен
Ресен, 30 декември 2020 (МИА) – Општина Ресен денеска додели благодарници на здравствените работници, кои придонесоа во борбата против КОВИД-19 во општината. Признанијата ги врачи градоначалникот Живко Гошаревски, кој изрази благодарност до сите што, како што нагласи, застанале на првите борбени линии и ги ризикувале своите животи за да спасат туѓи. - Овие благодарници не се само од мое лично име и од името на вработените на општина Ресен, овие благодарници се и од името на сите граѓани на општина Ресен. Со вашата работа, труд, професионалност и хуманост не направивте горди и се надеваме дека на оваа ситуација што побрзо ќе и дојде крај, рече Гошаревски. Благодарници за особен придонес во борбата против Ковид-19 добија: ЈЗУ,, Здравствен Дом" - Ресен, Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација – Отешево, Центар за јавно здравје - подрачна единица Ресен, Примарна здравствена заштита - матични лекари- Ресен, Итна медицинска помош - Ресен, како и повеќе доктори и медицински персонал. сс/аа/

Остани поврзан