• недела, 06 октомври 2024

Благодарници добија сите учесници во организацијата на „Тиквешки гроздобер 2024"

Благодарници добија сите учесници во организацијата на „Тиквешки гроздобер 2024

Кавадарци, 18 септември 2024 (МИА) -  Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска им додели благодарници на сите кои учествуваа во организацијата на „Тиквешки гроздобер 2024". 

- Сево ова немаше да биде можно без сите оние кои се вклучија во организацијата и на кои им благодарам.  Тука, прво се мисли на сите служби на Општина Кавадарци и сите институции вклучени во текот на сите три дена. Потоа на сите помагатели, поддржувачи и донатори од бизнис секторот. Винариите и угостителите кои се всушност и носители на овој настан, на медиумите кои го следеа секое случување, секој настан и информираа за тоа и секако, најголема благодарност на кавадарчани, кои како и секогаш се покажаа не само како добри домаќини, туку и учесници и секако благодарност до сите посетители и гости од Македонија и надвор од неа, нагласи Јанчев. 

Според градоначалникот, најважно беше тоа што сите три дена беше безбедно за секој и секаде. 

- Имавме успешни и исполнети три дена, културни, забавни и музички содржини. Имавме програма за сечиј вкус. Успешен карневал, гости и делегации од секаде и секако од државниот врв. Имавме успешен ,,Тиквешки гроздобер", додаде градоначалникот.

Традиционалната стопанско - туристичка и културна манифестација се одржа на 6, 7 и 8 септември. свд/дма/


Фото : МИА 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан