• недела, 08 септември 2024

Благодарница за Симон Трпчески и проектот „Македонисимо“ по повод Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември

Благодарница за Симон Трпчески и проектот  „Македонисимо“ по повод Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември

Делчево, 7 септември 2024 (МИА) - Благодарница во чест на Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември градоначалникот Горан Трајковски додели на пијанистот Симон Трпчески. Светски познатиот уметник синоќа со неговите пријатели на летната сцена го претставија проектот „Македонисимо“ за што добија стоечки овации од публиката.

-Благодариме на човекот со големо срце кој и покрај многуте концертот ширум светот заедно со своите пријатели одвои време и ни го разубави празнувањето по повод Денот на ослободувањето и Денот на независноста. Во таа чест Општината им доделува благодарница за тоа што ни го разубавуваат на овој наш значаен празник, рече Трајковски.

Концертот во Делчево Трпчески го посвети на Влатко Нушев, член на ансамблот по потекло од Делчево. Заблагодарувајќи се за наградата тој изрази задоволство и посебна среќа за концертот во Делчево и од име на целиот ансамбл Македонисимо на граѓаните на Делчево им го честиташе Денот на ослободувањето и Денот на градот кој го носи името на великанот Гоце Делчев. 

-Како што тој велел Делчев дека светот го разбира ,,како поле за културен натпревар меѓу народите" и ние сме тука вечерва преку културата и преку музиката да ве прегрнеме. Посебна е среќата што сме во вашиот град и овој концерт да го посветиме на Влатко Нушев, нашиот колега, пријател, другар човекот кој на концерт не бил во своето Делчево цели 20 години, целото негово семејство талент со кој треба да се гордеете, рече Трпчески.

Во рамки на концерти беа претставени повеќе сплетови на композиции меѓу кои и за прв пат обработка на стара делчевска песна по текст на Димитар Узунски насловена „Останхме с тата, беќаре и двата" 

-Стара изворна пијанечка песна аплауз за Димитар Узунски кој оставил многу песни да се пеат и да играат со неговата дејноста остави за нас за години и векови. Благодарност до Дејан Георгиевски Ѕенен, кој ми најде една идеја како да тече песната. Со негова и моја идеја успеав да направам аранжман како подарок за сите вас да уживате, рече Нушев.

Празнувањето на Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември продолжува денес со низа активности. вс/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан