• среда, 25 декември 2024

БиХ: 24 политички партии останаа без право за кандидирање на следните избори

БиХ: 24 политички партии останаа без право за кандидирање на следните избори

Сараево, 4 мај 2023 (МИА) - Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина на 24 политички партии им го ускрати правото за кандидирање на следните избори во БиХ, јави Радио Слободна Европа.

Овие партии нема да можат да се кандидираат бидејќи не поднеле годишни финансиски извештаи за 2021 година, како што налага Законот за финансирање на политичките партии, беше соопштено по денешната седница на ЦИК.

Станува збор за помали политички партии: Граѓанска демократска партија, Нова партија, Нова сила на БиХ, Демократска партија на инвалидите, Народна партија Нови Град, Партија за подобро Горажде, Напредна демократска партија, Социјалдемократски фронт на БиХ, Движење за подобро Брчко - Ѓапо Мирсад, Сили на Центарот, Ново бошњачко движење, Алијанса за опстанок, СПС социјалисти, Еколошко слободарско движење, Движење за Прњавор, Слободна Српска, Враќање на отпишаните, Српска напредна партија Изворна, Изворна српска партија на праведна политика, Српска алтернатива, Партија на девизни штедачи на РС, Партија за социјална правда, Новата граѓанска иницијатива Козарац, Хрватска народна заедница 1908., Српската традиционална ослободителна партија и Партијата за економска и социјална правда.

Централната изборна комисија казни 75 независни кандидати кои не поднеле постизборни финансиски извештаи по локалните избори во 2020 година со парична казна од по 500 марки (околу 250 евра). ссм/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан