• среда, 27 ноември 2024

БиХ: Палмер преговара со партиските лидери за изборниот закон, Изетбеговиќ го уверува Комшиќ

БиХ: Палмер преговара со партиските лидери за изборниот закон, Изетбеговиќ го уверува Комшиќ
Сараево, 1 октомври 2021 (МИА) - Бошњачката партија на демократска акција (СДА) е склона да прифати измени во изборниот закон на БиХ кои би биле блиску до барањата на ХДЗ БиХ, но не сака да го стори тоа без согласност на Жељко Комшиќ.
Претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ за локалните медиуми потврди дека се сретнал со заменик-помошникот на американскиот државен секретар Метју Палмер во Сараево, кој исто така разговарал за измените на изборниот закон со другите лидери на партиите.
Тој објасни дека Палмер не дал нов предлог и дека очекува лидерите на СДА и ХДЗ БиХ да го решат проблемот во директен дијалог, но Изетбеговиќ не верува дека тоа е можно затоа што смета дека актуелниот претседател на Претседателството на БиХ, Комшиќ, мора да се согласи со решенијата, како и лидерите на другите граѓански и левичарски партии од Федерацијата БиХ.
Меѓутоа, Комшиќ веднаш му одговори на Изетбеговиќ дека не може да смета на неговата согласност за овој модел, и покрај фактот што Изетбеговиќ со години го убедуваше дека треба да се прифати.
Тој објасни дека во случај на усвојување на таков модел, веднаш ќе поднесе тужба до Европскиот суд за човекови права, бидејќи смета дека таквото решение воведува нова дискриминација врз граѓаните на БиХ во изборниот процес и ги легализира нееднаквите вредности за гласање. паг/
         
 

Остани поврзан